ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ НА ЛАЈКОНЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА >Извор
ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА ЛАЈКОНЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА, ВО КОИ ИМА ИНДИЦИИ ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ НО И ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ПИРАМИДАЛНА ИЗМАМА Мактел дојде до годишниот финанскиски извештај на фирмата Мај Ворлд Македонија за 2017-та и 2018-та, за 2019-т ја чекаме ќе ја добиеме и неа.

Мактел дојде до годишниот финанскиски извештај на фирмата Мај Ворлд Македонија за 2017-та и 2018-та, за 2019-т ја чекаме ќе ја добиеме и неа. Потоа истите документи ги дадовме на сметководител кој ни го растумачи извештајот и бројките во следниов текстуален извештај:
_____ Во 2017 година имаат приходи од работењето во износ од 1.900.000 еур Во 2018 година имаат приходи од работењето во износ од 1.050.000 еур Значи горе доле 50% намалување на приходите.
Колку што знам, нивните приходи се од тоа што им фактурираат на фирмите за користење на нивните пос терминали, т.е. попустите што ги даваат клиентите. Тука дефинитнивно не спаѓаат приходите од чланарини, облачиња, итн... ова е интересниот момент...
Вработени имаат 12 луѓе со вкупни трошоци за плата од 200.000 еур бруто, што значи сите вработени работат за 1000 евра месечно нето. Не е многу битен момент ама тоа се гледа од завршната. Во 2017 имаат покажано добивка, а во 2018 загуба од 400.000 евра (како е тоа можно). Страна 6, ставка 60 - парични средства - имаат со 31.12.2018 пари на сметката горе доле 9.000.000 евра (актива). Од друга страна, страна 7 ставка 96, обврски према поврзани друштва, 10.000.000 евра. Сите чланарини, облачиња итн... што ги плаќаат луѓето, ги книжат на оваа ставка, обврски према поврзани друштва (значи позајмици, итн...), не ги книжат на приходи од услуги и чланарини. Оваа ставка 96 ти е акумулирана вредност од сите години од оснивањето на фирмата. Значи они имаат на сметка 9м евра, и обврски 10м евра... разликата од 1м евра е тоа што трошат за плати и други трошоци...
_____ Со тоа што парите од чланарини, облачиња, не ги книжат како приходи, него како обврски, не покажуваат приход, до 31.12.2018 во износ од 10м евра, со што државата е оштетена прво за 18% ддв (1.800.000 евра) а после тоа на крај година и за 10% данок од добивка (1.000.000 евра), или со 31.12.2018 вкупно 2.800.000 евра. Од една страна билдаат пари на сметката (активата), од друга страна билдаат обврски (пасивата), обврски кои што никогаш нема да ги исплатат. (луѓето што купуваат облачиња, претплати, итн... и не знаат дека со овој начин на книжење може и да си ги бараат парите назад.
_____ Јасно до сега? Што може да дознаеме од ова погоре? Дека фирмата работи со загуба. Значи дека недоволно луѓе ги користат картичките КЕШ БЕК и недоволно пари се влеваат назад од процентот од повратените пари, а се сеќавате ли, они ви ветуваат на вас големи плати токму од тој процент, наводно ве тераат што повеќе да вклучувате членови за они кога ќе пазареле од процентот што се заштедува преку КЕш БЕК и вие да се опарите за 4 години од ког ќе влезете во тие облачињата и разните други инфинити облаци.
Но ништо од тоа, со тоа што овде се гледа дека работат со загуба во 2018-та значи ГЛАВНИОТ бизнис модел нив им е шуплив, не им генерира профит, што значи приморани се од вас да бараат големи суми на париво вид на инвестиции во облаци и разни други инвестиции во Елитни Клубови и наводни идни акции во Елитен Клуб кој ќе имал своја крипто валута итн итн... за да можат да исплатат плати на вработените во фирмата иначе ќе мора да прогласат банкрот и да затворат?!?!
_____ ТОКМУ ОВА Е ЧИСТ ДОКАЗ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ПИРАМИДАЛНА ИЗМАМА! СЕ ДОДЕКА ИМА НОВИ ИНВЕСТИТОРИ КОИ ЌЕ БУТААТ ПАРИ ВО ОБЛАЦИТЕ ФИРМАТА ЌЕ КНИЖИ НОВИ И НОВИ ОБВРСКИ КОН МАЈКАТА ФИРМА НО ЌЕ ЖИВЕЕ ОД ТИЕ ПАРИ И ЌЕ ОДИ ВО ЗАГУБА И ЕДЕН ДЕН ЌЕ ГИ ПРЕФРЛИ ТИЕ ПАРИ ВО АВСТРИЈА ВО МАЈ ВОРЛД ГРАЦ, И ТОЛКУ, ПАРИ ЌЕ НЕМА ЗА ДА СЕ ИСПЛАЌААТ АСТРОНОМСКИТЕ ВЕТЕНИ ПЛАТИ И ШЕМАТА ЌЕ МОРА ДА СЕ ЗАТВОРИ СО СТЕЧАЈ! КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ТОЈ ДЕН НЕ СЕ ЗНАЕ АМА ЌЕ ДОЈДЕ, ШТОМ СНЕМААТ НОВИ ЖРТВИ, ЗАТОА ОНИ СЕГА ПАНИЧНО СЕ СПРЕМААТ ЗА НОВИ ПАЗАРИ КАДЕ УШТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ШТО СЕ И КАКВИ СЕ, ПА ЌЕ ОДАТ ВО ИНДИЈА, РУСИЈА, КИНА И ЌЕ ЖИВЕАТ ОД ИНВЕСТИТОРИТЕ ТАМУ СЕ ДОДЕКА И ТАМУ НЕ ГИ ПРОЧИТААТ ДЕКА СЕ ПИРАМИДА?!