Зоран Витанов и Хуберт Фрајдл, основач на Лајконет >Извор
Зоран Витанов и Хуберт Фрајдл, основач на Лајконет и мастермајнд на сите шеми за кои ќе истражуваме во овој серијал, сликани покрај куфер со пури и чоколада и скапи пијалоци кој е брендиран со Елитен Клуб, е тоа е тема на овој дел од серијалот.

Еве како сето тоа работи, нема да ви се веруваш што смислиле Хуберт Фрајдл и нашиот Зоки од село Бориево, Струмичко, ова е за нобелова награда, ваква приказна нема смислено ниту типот што ја продал Ајфелова кула два пати, тоа е италијанецот Чарлс Понзи според кој и сите пирамидални шеми се викаат Понзи Шеми.
Значи ова е неверојатно лудило. Ви се нуди крипто валута, која пази, е врзана за еврото, што значи не е крипто валута воопшто туку е само дигитален начин на плаќање?!?! Ви се нудат процент од добивка од некакви јахти, авиони, хациенди и елитни клубови на стадиони каде ќе сте можеле да влезете преку ред, а од вас се бара да вложите прво од 5 000 па се до 30 000 евра за да станете член на Елитен Клуб, за да потоа, имате право да купите акции од тој Елитен Клуб кои допрва ќе одат на берза по цена од 0,1 евро?!?! Значи малку им е што сте им дале илјадници евра за тие облачињата во Лајконет каде ви ветуваат плати од 1000е дневно ама по 4 години и дел од крија од некоја зграда во Хановер која ќе ја граделе догодина, туку сега смислиле нешто ново за да ве натераат да им дадеде до 55 000 евра само за да имате право да купите акции по цена од 0,1 евро за акција, и пази, ова е јако, ви гарантираат дека потоа цената на берза ќе била пута два?!?!





Па потоа, веселата математика продолжува, со процент од тој надуван промет од една милијарда, Елитен Клуб ќе се напунел пари а вие ќе треба да почекате само 48 месеци за да земете дел од тоа, значи тоа е со дебели букви напишано, значи ќе треба да чекате цели 4 години за евентуално да си ги вратите парите па и евентуално, дај боже да профитирате?!?! Она што е нај смешно во целата работа, дури и БИЗАРНО е што во самата презентација, Витанов покажа слајд на кој со големи букви, на цел екран е испишано дека фирмата Лајконет не одговара и не гарантира никаква заработка и дека самата презентација не е наменета за да ве убеди да купите ниту акции ниту удели?!?! Еве го тој слајд кој го негира сето она што цел саат го збори Витанов во презентацијата:
_____

Значи ако до сега се сомневавме дали е пирамидална шема она што се нудеше со Лајконет, со оваа најнова ујдурма наречена Елитен Клуб, тоа е веќе очигледно од месечината, треба да си ептен наивен човек и да мислиш дека нема злобни и алчни луѓе и дека светот е како во цртаните на Волт Дизни па да поверуваш дека Витанов и Хуберт Фрајдл после 4 години ќе ви ги вратат парите со некаква гарантирана добивка. Нема ниту едно евро да видите од овие пари, тоа е најверојатното сценарио, а после 4 години, и Витанов и Фрајдл нема да може ни под дрво ни под камен да ги најдете, со овие милиони ќе си купат вила некаде на Карибите у некоја шума и до крајот на животот ќе си гледаат во морето и ќе си пијат лимунада и ќе се кикотат како ве заебале!
Инаку сега полека станува јасно која е формулата за успех на дуото Витанов - Фрајдел. Имено тие мешаат и баби и жаби во еден котел па имаш тука акции, јахти, приватни авионим крипто валути, проценти, маржи, глобален пазар, луди надувани бројки, сведоштво како он се збогатил ајде сега и ти, па лични навреди како сте кукавица и не сте доволно активен и одлучен за да бидете и вие милионер, и не е случајно што речиси сите видеа Витанов ги снима од Монако а не од седиштето на Лајконет, Грац во Австрија, затоа што Монако е светски симбол за успех, пари, луксуз, целта е да ве натераат да се полетате да се охрабрите до луди граници и да ве понесе моментот и да почнете да фрлате пари во овие нивни облачиња, акции, слотови, итн итн...
Исто така очигледно е дека целната група се полу писмени луѓе кои чуле за акции и берза и коини ама у суштина ништо не им е јасно и овие само ги збунуваат звучејќи уверливо, но секогаш за да им успее планот во формулата убацуваат и некои делови кои се многу прости и разбирливи како кирија и рента од издавање на авиони и бродови и хациенди, тоа може секој да го разбере па си рекле овие ако ништо не разберат за критпо валути и акции и берзи бар ќе го разберат делот каде им ветуваме процент од кирија, добро е што не убациле и фарми со крави и свињи па не ветуваат и процент од млеко и свински полутки.
Инаку овие бизнис предлози спакувани во некакви акции, облачиња и слично се всушност инвестиции, односно тие бараат практично од вас кредит за потоа да ви го вратат тој кредит со одредена камата, т.е добивка. Но проблемот е што бизнисот кој го нудат за вие да го кредитирате е толку смешен што ако овие дечки отидат во која и да било банка и побараат иста сума колку што бараат од вас, значи од 3000 па до 30 000 евра, банкарите ќе им се изнасмеат гласно и ќе ги раскажуваат потоа со месеци како вицеви на пауза за кафе и ручек. Тие ќе мора да излезат пред вас со бизнис план, бројки, инвестиции, проектирана продажба, проектиран профит, трошоци, до цент, но овде нема ништо од тоа, само убави зборови и убави ветувања за некаква добивка после 4 години?!?! Они играат на картата дека парите што ги бараат ги бараат од луѓе кои се полу писмени, неуки, или пак со дипломи од историја, уметност, лингвистика и останати општествени или пак инженерски области кои немаат врска со бизнис логика.
Иронијата е што они предлагаат претприемништво ама на оние кои немаат абер од претприемништво, и трагедијата е што веројатно така добро ќе изгорат во овие шеми што никад додека се живи нема да им падне на памет да се обидат пак со претприемништво. И тоа е најголемата трагедија овде, се нуди финансиска независност, слобода, богатство а во реалноста оние кои ќе се изгорат во овие шеми ќе станат уште поголеми робови затоа што ќе изгубат и тоа малце што го имаат и што е најстрашно ќе изгубат верба и во себе и во луѓето и во капитализмот и во преториемништвото и тој страв и гнев ќе го пренесат и на своите деца. Да не одиме понатаму со црни анализи за можни самоубиства и депресии после такви економски крахови кога некој ве тера да дадете отказ од работа и да земете кредит за да парите ги вложите во шема од која шансите да заработите се рамни или дури и полоши од коцкање во Казино.
Иванчо заработил и си купил авион и сега објаснува како е чувството да се лета со свој приватен авион ..!?
-
Иванчо заработил и си купил авион и сега објаснува како е чувството да се лета со свој приватен авион ....
- Немав ни на крај памет .. мислев дека тоа само на телевизија ќе го гледам..или кога ќе одиме некогаш кога ќе летаме со
Vizeir одгоре ќе ги сликаме тие што летеет со таков авион.
- И еве сега ти се случи - леташе..какво се чувствуваше ?
- Не можев да го објаснам ...тоа е исто.. !? Јас вака му го кажав дома ...............
.