- ВОЛК ВО ЈАГНЕШКА КОЖА: >Извор

Тој се преставува како хуманитарец кој вас ве води кон финансискиот рај?!Зошто е тоа толку нагласено? За да волкот се капуфлира во јагне, злосторникот да се камуфлира во хуманитарец, за да не се посомневате кога ќе ви побара илјадници евра за разни облачиња и разни пакети кои ги продаваат.

Пред да поминеме на анализа каде се Лајконет е забранет како шема и каде се има распишано потерници за локалните менаџери на Лајконет, да се задржиме уште малку на техниките со кои Витанов лови нови и нови клиенти на шемата. Погледнете го неговиот говор од лани во салата Борис Трајковски каде имаше елитне семинар за тоа што го нуди Лајконет:



_____ 1. Тој се преставува како ХУМАНИТАРЕЦ, тој вас ви помага, ве носи кон финансискиот рај
Зошто е тоа толку нагласено? За да волкот се капуфлира во јагне, злосторникот да се камуфлира во хуманитарец, за да не се посомневате кога ќе ви побара илјадници евра за разни облачиња и разни пакети кои ги продаваат.Тоа е многу интересна и важна психичка и маркетинг техника, целта е да не познаете дека некој ве бричи на суво и ви ја дере кожата туку да мислите дека ве масираат и ве чешлаат за да ви биде поубаво.
_____ 2. Не се врзувај за резултатот, врзи се за процесот!
Ова е многу интересна мисла што ја кажува често Витанов на своите предавања. Што е целта овде? Па да ве спремаат за поразот дека пари никад нема да видите, а да ве натераат да ринтате за ич пари со години додека да се откажете. Да ја делите картичката, да убедувате до смрт народ, да се отепате од работа, а резултати т.е пари да не видите никад во онаа мера во која ви е понудено. Вие кога тогаш ќе мора да се откажете од бркање на ветеното, но во нивни интерес е што подоцна тоа да го направите за во меѓувреме да најдете нови и нови клиенти кои ќе бараат нови жртви...
_____ 3. ЕЛИТНИТЕ СЕМИНАРИ ГИ ПРАВАТ ВО ПРАЗНИ ГОЛЕМИ САЛИ АМА ЗАТЕМНЕТИ
Зошто ги прават овие елитни семинари во празни големи сали како Борис Трајковски? Затоа што оние кои ќе ги гледаат видеата нема да приметат дека салата е празна, затемнето е не се гледа. Со урлање дека семинари држеле во такви сали се сака на вас да се влијае дека буквално народот масовно се тепа за да им даде големи пари на Витанов и Лајконет, со тоа не треба да се сомневате дека само вие сте будала, штом толку луѓе го прават тоа, сигурно не се сите будали, мора ова да функционира?!
_____ 4. Зоран Витанов иако е многу итар, често си дава автоголови!
Од 75 картички колку што он ги има поделено за 8 години додека е дел од Лајконет, само 15 го користеле редовно, други 10-тина од време на време, а дури 50 НИКОГАШ НЕ ЈА ИСКОРИСТИЛЕ КАРТИЧКАТА?!?! Со оваа поразителна реалност, Витанов самиот признава дека Лајконет е ПИРАМИДА! Ако само 20% од имателите на картички ја користат, тогаш тоа значи дека системот е скршен, не е доволно атрактивен за имателите на картички, значи системот не генерира доволно пари при пазарување, а тоа е основниот бизнис на кој се базира се друго, сите други работи, облаци, слотови, плати итн итн се базираат на оваа основа, оваа база на целата шема, а тоа е ПАЗАРУВАЊЕ ВО МАРКЕТИ И КЕШ БЕК ПРИ СЕКОЕ ПАЗАРУВАЊЕ! Ако ова е скршено и не работи, се друго е практично ИЗМАМА! Тоа значи дека сите други чланарини, ветени заработки, облаци, слотови, елитни клубови итн, се тоа е само една измама!!!