- ВИТАНОВ СЕ ИСПОВЕДАШЕ: >Извор
- ВИТАНОВ СЕ ИСПОВЕДАШЕ: Школските другари од Струмица не сакаат да пијат со мене кафе, сум правел пирамида, сум се глупирал, ама ич не ги рецкам, од симпатии не се живее!
Уште еден маестрален говор на Зоран Витанов на кој налетав на каналот Јутуб, говор кој вреди да се анализира во уште еден дел од серијалот кој го посветивме на него и мрежата Лајконет.
Во идните серијали ќе се посветиме на истрагите кои се водат против Лајконет ширум светот и каде се мрежата е забранета, во Грција на пример челниците на локалната мрежа се во бегство
откако тамошното обвинителство издаде потерница за нивно апсење!
Но во оваа анализа засега ќе се фокусираме на техниките кои се користат за да ве убедат да влезете во шемата Лајконет.
Притоа во овој говор на Витанов се користат неколку јадици со кои Витанов ве лови:
_____
1. Доведување на тезите до апсурд со што се сака да ве доведе во состојба на збунетост за да го прифатите она што би го нуди.
Тој вели, ако сакате сигурност, одете во затвор, таму имате 3 оброка на ден, кров над главата и плус ве чуваат полицајци, ништо лошо нема да ви се случи, што не го направите тогаш тоа?
Погледнете која е ова психичка закачка, ви влегува со мајагери дирек во мозок глабоко до самата амигдала што е најдоле до гркланот.
Многу луѓе ќе се фатат на оваа јадица, но секако тоа е многу голема грешка, затоа што самата теза е апсурд неточен. Во затвор не е сигурно, може да ве утепа секој момент цимерот
или некој при јадење во мензата затоа што сте во друштво на криминалци, луѓе со краток фитил и насилна природа. Притоа многу се изолирани со години па се со голем сексуален нагон
па многу често во затвор може и да ве силуваат. Од друѕга страна страдате ментално поради изолацијата, немате перспектива, осамен сте, не ги гледате блиските, пријаталите, не
гледате доволно сонце, природа, не јадете квалитетна храна, ладно е, влажно итн итн... Досадно е пред се, досадата убива.
Од друга страна, сигурноста е прекрасна сама по себе освен ако не сака Витанов да ја вулгаризира и калеми со седење во затвор за од неа да ги се згади. Вистинската сигурност е кога имате
релативно сигурно примања, здрав сте и имате добар социјален живот. Но целта на Витанов е да ве натера да ризикувате, преставувајќи го ризикот за многу подобар од сигурноста. Но тоа е
само почеток. Тој во својот говор вели па што ако изгубите пари, што ве кошта да пробате.
Значи и самиот ризик се доведува до апсурд. Не е целта да ги фрлите парите или да ги запалите, секако дека не е се во парите, но работата е како со најмал можен ризик да ги оплодите,
а секако тоа не може да се каже за она што ви го нуди Витанов, да му дадете пари да трчате со години да најдете нови членови во мрежата и да чекате 4 години поврат на инвестицијата.
_____
2. Витанов се исповеда, ви предлага да не ви е гајле што мислат другите за вас, со еден збор промовира СОЦИОПАТСКО ПОВЕДЕНИЕ да мислите само на себе по цена да уништите човечки животи
Оние кои студираат психологија знаат дека услов за да бидете криминалец или убиец или измамник е да бидете социопат, т.е да мислите само на себе и да немате емоции за другите луѓе ниту
па што мислат или велат за вас, т.е да сте без срам. Фактички, на овие говори, Витанов пробува од вас да направи социопати, да не ви е гајле дека народот зборува за вас дека сте дел од
една измамничка шема, дека мамите и крадете пари од луѓе ветувајќи им големи заработки после 4 години.
Што вели Витанов - Кого сакам јас повеќе, вас или моите деца? Со ова тој дури и несвесно ја дава главната девиза на неговата работа, неговиот модус операнди, каков што е на сите криминалци
во земјава па и светот, а тоа е поарно да имаш пари и сите да те плукаат, отколку да си поштен и сите да те ценат ама да си сиромав.
Но тој ве охрабрува и вие да бидете како него, затоа што повеќе ве има како него толку повеќе луѓе ќе се измамат да влезат во приказната, и товарот ќе падне на последните кои се фатиле
на јадицата, сите претходни ќе успеат да си ги вратат парите од процент од сумата наплатена на наредните жртви.
_____
3. Цело време се споменува зборот БЕСПЛАТНО Е!
Но што е со ризикот? Што е со времето вложено? Што е со тоа што парите сте ги внеле во некакви ваучери и после ќе чекате со месеци па и години да си ги повратите, ако сте ги вложеле
тие пари во банка ќе сте добиле камата а вака трчате наоколу за парите да си ги вратите а притоа сте изгубиле и време и нерви и здравје и камата? Тоа Витанов не ви го кажува...
А веројатно и дел од парите ќе ги изгубите, самиот тој многу пати вели дека едвај 10% ги користат картичките, останатите забораваат и дека ги имаат...
_____
4. Цело време се користи зборот СИГУРНО Е!
Сигурно е само ако е осигурано или ако има договор потпишано дека толку и толку пари ќе се заработат а парите нема да ви пропаднат! Ама они таков договор не ви нудат, туку ви
нудат едно големо ВЕРУВАЈТЕ НИ НА ЗБОРОТ! Ама тоа не значи дека се ќе биде така како што они велат.
Како може да бидете сигурни дека парите ќе ви се вратат? Може нема да поделите доволно картички? Може тие што сте им дале картички нема да ги користат, баш поради малата
сума која се враќа, луѓето немаат време сега да мислат ама чекај кај се враќа кај не се враќа, едноставно одат онаму каде им е најблиску, најконфорно, каде има големи попусти,
на пример 30 до 50%, каде има квалитетна роба, на пример во Скопје сите пазаруваат во ВЕРО иако сите сме свесни дека е поскапо за едно 5% од сите други ланци на маркети.
_____
5. Цело време се користи тезата НЕ Е ИНВЕСТИЦИЈА ОВА!
Апсурдно ама ова е вистина. Овде не станува збор за инвестиција, затоа што нема реален бизнис овде па да чекате поврат на пари и добивка, ова се фрлени пари во бунар. Или ајде
да речеме, ова е или инвестиција, ако не сте последни во шемата па може нешто и ќе повратите или пак е фрлање пари ако сте последни во шемата и нема кого да учлените, тогаш ќе
треба да чекате самиот систем да генерира доволно пари за вие да се опарите, а пошто се големи шансите ова да е пирамидална измама, тоа никад нема да го дочекате.
_____
6. Цело време шемата се споредува со веб сајтот за хотели БУКИНГ, но таму маржата која ја зема Букинг од хотелите е 10%, а овде маржата е околу 1% што ја прави целата работа,
целата шема ЛАЈКОНЕТ пирамидална измама, затоа што основниот бизнис носи премала заработка во споредба со чланарината која се бара од оние кои сакаат да заработат од Лајконет!
Букинг е реален бизнис затоа што маржата е голема, околу 10%, башка трошоците на Букинг се многу мали, еден веб сајт и малку реклама но веќе сајтот е толку пробиен што нема ни
потреба од реклама.
Додека кај Лајконет, има огромни плати кои се ветени на оние што делат картички, па плати за оние со облачињата, па плати за оние вработените во Лајконет и
во фирмите ќерки низ сите 50 земји во светот, едноставно целата шема има илјадници и илјадници луѓе кои се надеваат да добијат процент од малиот процент кој го плаќаат маркетите
на оние кои ја користат картичката Кеш Бек. Само по себе овој бизнис е неодржлив и кога тогаш ќе пукне како меур од сапуница. Затоа од вас се бара да плаќате скали билети за
елитни семинари, да купувате облаци, слотови во елитни клубови, итн со што фирмата ги наплаќа попустите кои вие ги земате а вас ви се ветуваат големи плати некогаш, ако воопшто
ги дочекате....