Психолошка тортура кон потенцијалните клиенти! >Извор
Се користи психолошка тортура кон потенцијалните клиенти, се тераат луѓето да се фрлат од авион без падобран! Психолошката тортура што ја користи Зоран Витанов кон своите потенцијални клиенти, т.е клиенти на Лајконет кои би купиле од нивните облаци, софтвер алатки, чланарини, слотови, акции итн кои чинат илјадници евра, е фасцинантна, робусна, убоита, продорна, многу отровна, народски кажано кај удри таму трава пак не никнува!!!

Тезите, зборовите, психолошките финти кои се користат се маестрални, сигурен сум дека на тие славни седенки во Монако на јахтата на Хуберт Фрајдл, газдата на Лајконет, со часови и часови се дебатираат и учат овие техники, кој знае од чија страна мислени во некаков пеколен брејнсторминг!
Мора да има книги тајни за оваа работа, сигурно некој седнал и напишал како да излажеш човек во 100 чекори или во 1000 чекори, иако се работи за стар бизнис, стара професија, во америка тие ги нарекуваат продавачи на масло од змија, затоа што со години и векови на запад имало такви пропалици кои мамеле народ со тоа што им нуделе масло од змија кое лечи се живо, секако по многу скапа цена по мало шишенце...
Но како и да е, од каде и Витанов да ги научил тие техники, навистина се маестрални, можно е неговото 10 годишно искуство во политиката да му помогнало да ги усоврши тие ораторскси техники, но еве ги, наредени по некој случаен редослед, како ќе ми текнува на нив, така ќе ги редам.
_____ 1. ВЕ УБЕДУВА ДА СКОКНЕТЕ ОД АВИОН БЕЗ ПАДОБРАН
Со разни приказни, ви се сервира една теза дека е глупо што ви е животот досаден, сигурен и мизерен. Што се борите со сметките, што не може да си допуштите да одите во Монако или на Карибите, или на Алпите. Како решение ви се нуди ризична авантура при што не ви се кажува дека ризикот е доведен до ниво на апсурд, безмалку скокате од авион без падобран! Имено, секое бавење со бизнис е ризично, ризикот е секогаш тука, но ризокот го има секаде во животот во извесна мера, вие може и да добиете отказ на работа, да пропадне фирмата каде што работите, да ве погоди гром додека патувате за накај работа, прашањето е како со најмалку ризик да дојдете до посакуваната цел без приота да изгубите се што имате.
Но она што Витанов би го нуди е многу драстично, он ви држи говор за да речеме станете од креветот и се фатите за свој бизнис, но притоа ви нуди нешто многу поризично од тоа, ви нуди да му ги дадете парите нему со ветување дека ќе ви ги врати после 4 години а притоа немате потпишано ниту какво било договор, за позајмица, за влог, за инвестиција, ништо, купувате некакви облачиња, слотови, потенцијални акции, ниту идете на берза ниту ништо, дури и инвестицијата на берза е ризик, ама барем имате шанса да ве повикаат на акционерско собрание па имате шанса да го прашате менаџментот што се случува со фирмата, може да гласате за иден план на развој на фирмата, со еден збор вие како акционер во некоја фирма од која сте купиле акции на берза учествувате колку толку во менаџирањето на таа фирма...
Овде ништо од тоа нема, едноставно Витанов ви држи говор од еден саат полн со вицеви, психолошки трикови, разни финти и манипулации и од вас се бара да дадете отказ на работа, да земете кредит, да му ги дадете парите и во следните 3,4, 5 години да трчате дење ноќе по нови клиенти и да чекате некаква ветена баслословна заработка?!?! А притоа што ќе јадат вашите деца во меѓувреме, од што вие ќе живеете, како ќе ги плаќате трошоците, тоа е просто ЕНИГМА?!?! На некој начин, Витанов од вас бара, да тргнете на страна ист толкав износ колку што он бара да му дадете, ДА ПОСЕЕЕТЕ, така он тоа го вика, да инвестирате во тие облачиња, значи исто толкава сума да тргнете на страна од кредитот кој што ќе го земете за да ги плаќате трошоците за живот додека трчате наоколу бркајќи ја таа ветена плата?!?!
А притоа, пазете, вие не сте во работен однос со Лајконет, нема тука договор за вработување, нема пензиско, нема здравствено, нема минимална плата, нема платен одмор, нема ништо, има само едно ГОЛЕМО ВЕРУВАЈТЕ МИ, ШТО ВЕ ЧИНИ ДА ПОВЕРУВАТЕ, и толку?!?! Затоа велам, Витанов ви држи говор за почнување сопствен бизнис, но во реалноста ви нуди безмалку да излезете на тераса и да ги фрлите парите во воздух, што е многу поризично и поголема будалаштина и авантура од тоа да речеме почнете мал бизнис од кој сепак во голема мера знаете дека ќе имате барем поврат на инвестицијата, да речеме да почнете мала пицерија, пиљара, бурекџилница, мала фарма за свињи, кокошки, што и да било што како процес ви е познат, сте пораснале во таква фамиалија, љубител сте на таа бранша па знаете, талентиран сте, значи едно е такво нешто да почнете а сосема друго е на Витанов да му ги дадете парите и да чекате 4 години он да биде добар и хуман и совесен и да ви ги врати, иако нема никаква ЛЕГАЛНА ПРАВНА ОБВРСКА ТОА ДА ГО НАПРАВИ??!?!
_____ 2. ВЕ УБЕДУВА ДЕКА НЕМА НИШТО ЛОШО ДА ИЗГУБИТЕ 10 000 ЕВРА
Во еден од своите говори, тој дури оди до апсурд, им вели на потенцијалните клиенти - ПА ШТО АКО ИЗГУБИТЕ 5,10 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПАРИТЕ СЕ ГУБАТ, ТОА НЕ Е СТРАШНО, ТУКУ ШТО АКО ИЗГУБИТЕ ШАНСА ДА СТАНЕТЕ МИЛИОНЕР, КОЛКУ Е ТОА ГОЛЕМА ФАТАЛНА ГРЕШКА?!?!
Погледнете ја оваа психолошка мајагери клизаќи ујдурма почитувани?!?! Он си игра со вашата психа, си жонлгира. Он практично во нуди да одите и да се коцкате во Казино, иста е логиката, зошто да не изгубите еден стан кога може да добиете сто куќи да речеме?!?! Да, но колкави се шансите за тоа да се случи?!! Тука лежи зајакот, не е само да се фрлаат парите, но колкави се шансите да ги изгубите а колкави се да ги повратите, тука лежи зајакот но тој ги манипулира потенцијалните жртви и водата ја тера сосема на друга воденица, буквално им го пере мозокот на луѓето.
Замислете они после неговото предавање, ако му поверуваат, ќе си одат дома со мисла, што ако ги изгубам заштедените 10 000е, голема работа?! Нормално дека не е крајот на светот, но не може животот да го живееме по тој апсурд, тогаш ај да ги запалиме и да си свиркаме?! Па сме се мачеле за тие пари, тие пари значат удобен живот, некаква сигурност, работата е како да ги вложиме со намал можен ризик а ќе се согласите не е решението да му ги дадете некому кого прв пат го гледате во живо и без никаков договор за залог, инвестиција и без договор за вработување, туку само на ветувања да му ги дадете и после 4 години да го барате да ви ги врати?!?!
_____ 3. ВЕ УБЕДУВА ДА СЕ СКАРАТЕ СО БЛИСКИТЕ, ТИЕ ЦЕЛ ЖИВОТ ВЕ КОЧЕЛЕ ДА УСПЕЕТЕ
Речиси во секој негов настап, се става акцент на тоа дека вие морате да се скарате со своите најблиски за да успее ова во што он ве убедува. Просто се заклучува дека единствена причина што вие не сте успеале во животот е тоа што не сте ризикувале доволно и што многу сте ги слушале блиските, кои немаке поим од бизнис. Што е сака тука да се направи? Пак е ова маестрална психолошка местенка со која се прави хаос во главите на луѓето. Сите знаеме дека оние што најмногиу не сакаат се највнимателни кога ќе им кажеме дека менуваме работа, даваме отказ, земаме кредит, вложуваме пари во нов бизнис, и тие што не сакаат секогаш за наше добро ги фаќа паника и одма не предупредуваат, ама сине, ама брат, или внуче што и да сте му на човекот, мисли добро те молам, немој да згрешиш, не сакам да патиш, итн итн... Зошто го прават тоа? Затоа што не сакаат секако.
И сега замислете, одите вие ден ден кај еден таков ваш човек и му велите, слушај абе еден тип се вика Зоран Витанов ми вика да дадам отказ, да земам кредит, да заложам станот што ти ми го даде, да му ги дадам парите и после 4 години да чекам да ми ги врати со камата, притоа треба 4 години да трчам за него да делам некакви картички, и нема за ништо документ потпишан, се е на лепе очи, се е на доверба, што мислиш ти за тоа? Па човекот гарант ќе го мане или инфаркт или мозочен удар или ќе се онесвести. Е токму затоа Витанов пред време ве убедува ич да не ги фермате па дури и да не им кажувате на овие луѓе што ќе правите во врска со Лајконет, едноставно човекот ви плете мрежа како да ве обеси и да ве покраде! Буквално! Многу монструозно!
_____ 4. ВЕ УБЕДУВА ДА ЧЕКАТЕ НЕРАЗУМНО ДОЛГО ЗА НЕКОЈ ДА ВИ ВРАТИ ПАРИ НА КОЈ СТЕ МУ ГИ ДАЛЕ СО НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ ВИ ГИ ВРАТИ СО 10 КРАТНА КАМАТА
Една од многуте манипулации и финти кои ви се прават на тие предавања од страна на Витанов, е да ве убедат дека нема ништо чудно да чекате цели 4 години некој да ви врати пари кои сте му ги дале. Се споменуваат тука сеење на некаква култура па чекање дрвото да порасне па да сте јаделе јаболка или цреши, се спооменуваат и други примери, но со други зборови дури и ве караат дека сте сиромашни затоа што не сте спремни да чекате, многу сте нестрпливи?!?! Проблемот со оваа манипулација како и со сите други е што е така камуфлирана, така перфидно и злобно извезена што многу збунува, затоа што навистина многу инвестиции, многу бизниси навистина се чека време за да вродат со плод, за да берете плодови навистина треба некогаш и со години да инвестирате, така е и студирање факултет, така е и подигање некаков овоштарник така е и кој било посложен бизнис а не е продавница или некаква пицерија и слично...
Еве и јас мојот Мактел.мк долго време ми требаше да го етаблирам и уште не сум успеал, иако е веќе профитабилен, сепак ми требаа за тоа едно 2-3-4 години од животот и работа 24/7. Епа каде е тогаш кваката, каде е местенката што ви ја мести Витанов? Слично на она погоре со авионот без падобран, едноставно слично е ама не е исто. Вие да речеме кога имате свој бизнис или кога инвестирате во некоја фирма која е во подем, вие сепак сте или во самиот бизнис и го раководите и гледате каде оди па имате време да реагирате и да спасите што може да се спаси ако оцените дека бизнисот оди кон провалија, па или да го продадете по пониска цена, да продадете дел од опремата, барем да се вратите на нула, тоа што сте вложиле да си вратите а да го фрлите во вода само времето и маката.
Ако се пак акции купени на берза и ако видите дека фирмата стагнира тогаш ќе ги продадете акциите, можеби по пониска цена но нешто ќе спасите. Но овде го немате дури ниту тоа, едноставно сте дале пари, сте дале време и нерви и ништо не спасувате ниту пак знаете што се скучува со Лајконет, дали има профит дали нема, дали генерира загуби, тоа ви е тотална непознаница, тоа никој не ви го кажува, дури не е ни предвидено во тие пакети што ги купувате, затоа што ги купувате од сосема трето лице и основачот на Лајконет, Хуберт Фрајдл дури не ни знае што ви ветувал Витанов, уствари он знае, ама ќе се прави дека не знае што ви било кажано, затоа што не сте го купиле производот на некој веб сајт или во продавница па да има за сите исто упатство, па да ви дадат некаква гаранција, ништо од тоа нема, само од човек на човек рекла казала ветувања и ветувања и само тоа ништо друго...
_____ 5. ВЕ УБЕДУВА ДЕКА СИТЕ ШТО РАБОТАТ ЗА НЕКОЈ ДРУГ СЕ ТЕШКИ БУДАЛИ А притоа тоа што ви се нуди е плата од Лајконет?! Што значи вие пак работите за Лајконет?! Каде е овде тоа претприемништво што они го нудат?! Они ви нудат еден микс на инвестирање во облачиња каде наместо дивиденда, дел од заработката ви се дели како плата која ќе дојде после 4 години!?!?! А притоа ве тераат да дадете отказ од работа и ви се смеат што сте глупи да работите за друг, а ве тераат да работите пак за друг, овој пат за Хуберт Фрајдл ама без договор за работа?!?! Да бидете инвеститор ама кој никад нема да добие дивиденда?! Да бидете пак вработен ама кој нема никад да види плата?!?! Изгледа они ве тераат да бидете сто пати поглуп од што сега сте, затоа што сега барем знаете кај да се жалите ако не ви дадат плата или ако не ви дадат дивиденда ако сте акционер, а во нивниот случај, во нивната шема, единсвтен виновник ако не добиете ниту плата ниту дивиденда ќе бидете вие, ќе ви речат не сте се потрудиле доволно. И на крај ќе бидат во право, но не затоа што не сте се труделе доволно, туку затоа што сте им поверувале на нивните финти, психолошки трикови и манипилации.
Но мора да им признаеме една работа, навистина се многу добри во измамата. Многу се јаки овие од Лајконет, генијалци за измама, ГЕНИЈАЛЦИ! Или пак они се навистина добри дечки а ние сме премногу внимателни и преголеми песимисти и многу се сомневаме и не може да ја видиме таа нивна добрина и прекрасен бизнис модел. Веројатно тоа ќе го видиме после неколку години кога ќе треба да се поделат големите ветени плати а истите никој нема да ги види.