ЗОРАН ВИТАНОВ СО ЛАЈКОНЕТ, ДА ВЕ ВОСКРЕСНЕ ИЛИ ДА ВИ ЈА ОДЕРЕ КОЖАТА?! >Извор
Како прво, Витанов на своите Јутуб видеа ги убедува луѓето во една многу опасна идеја. Тој ги тера луѓето да остават работа, да дадат отказ, да земат кредит и да се впуштат во авантура, во потера на еден луксузен живот, притоа тој ги советува буквално да се скараат со пријателите и фамилијата кои очекувано би се обиделе да ги спречат во тој обид! Ова е многу опасен совет и Витанов би требало да знае дека ги тера луѓето да скокнат во многу опасни води во кои некој веројатно ќе се удави и тоа со се деца и цела фамилија. Како прво, бизнис моделот што он им го предлага е многу скап, како прво, погледнете колку само пари ви требаат, ова се слики од неговите предавања каде тој бара од вас да влезете со пари за да во иднина БАСЛОСЛОВНО ЗАРАБОТИТЕ, значи овде збориме за разни совтверски пакети, разни карти за семинари, разни м ваучери, е ваучери кои потоа ќе ги објасниме само да можете да станете дел од шемата за заработка од целата оваа Лајконет приказна:
Инаку пред да почнеме, мало потсетиување на релацијата Мактел - Зоран Витанов. Прво бевме пријатели, Зоран Витанов беше гостин во Политико на Наша Тв пред 10 години, потоа објавувавме негови говори на Јутуб, тој дури беше и донатор на порталот во времето на Груевизмот. Потоа, почнавме да пишуваме критички за Лајконет и рековме дека е тоа опасна пирамидална измама, на што тој многу се наљути па често ме вреѓаше по име во своите предавања низ земјава. Потоа решија да се рекламираат на Мактел?!?! И тоа траеше 2-3 месеци, при што додека ни беа спонзори ние пак објавивме критичка сторија за нив и пак рековме дека е можно да се измама и народот да внимава кога ќе влегува во таа шема!Сега на што сме? Витанов пак плука по мене во своите предавања а компанијата престана да одговара на моите мејлови во кои ги прашувам дали и понатаму ќе се рекламираат, ќе видиме тоа си е нивна одлука, наше е новинарски да ја тераме приказната и реално и објективно да известуваме, анализираме, без разлика кој е спонзор на порталот.


_____ 15.900 Оваа сума ја плаќате за да добиете пакет со десетици картици КЕШ БЕК кои ги делите на луѓето околу вас, роднини и пријатели за луѓето да можат да добиваат мала сума околу 1 процент поврат на сумата при пазарување во некои маркети, бензиски пумпи, битици итн... Уште на старт станува сомнително, ако не е пирамидална измама, зошто се наплаќа за влез во шемата?! Тоа е крунскиот сигнал дека нешто не штима, затоа што сите пирамидални шеми се хранат од новите жртви кои плаќаат сума за да влезат, додека нема внатрешен бизнис модел за профит, се е измама, се додека снема нови жртви, пирамидата ќе расте и ќе расте додека не се сруши. Но засега не сме сигурни дали е баш така, можно е и да се работи за легитимен бизнис, да останеме засега со отворен ум. Одиме со нови трошоци за вас:

_____ 6400 Е сега станува се поинтересно и поинтересно, оваа сума од 100е се бара од вас да ја плаќате месечно, секој месец, редовно, за да имате пристап до софтвер кој ќе ви помогне да најдете нови клиенти во мрежата. Ова се веќе сериозни трошоци за секого кој сака да почне нов бизнис, но тоа не е се, има нови и нови трошоци кои ви се нудат под изговор дека ќе заработите страшни суми, до 1000е дневно?!?!? Пред да ги воведеме новите трошоци кои растат во износ експоненцијално, сега е време да го воведеме поимот М ВАУЧЕР кој е навистина генијална идеја, алал да му е на овој ќелавиот од Австрија. Он смислил начин како он да профитира од тоа што вие ќе добивате попусти, т.е нашол начин да ве натера ем вие да трошите и барате нови учесници во мрежата ем да ги претвори во кеш попустите кои вие ќе ги добиете при пазарување. Значи со месечното плаќање 100е вие добивате 50е во вид на М ваучер, значи на некој начин ви се наплатени идните попусти од 50е па сега треба месечно да трошите по 5000е за да си вратите вложени 50е?!?! Комплицирано, не ви е јасно? Знам, полека, и мене ми требаа два месеца ова да го совладам, намерно е направено волку комплицирано, или за да се збуни јавноста или пак за да биде моделот успешен, ќе видиме, крај ќе каже велат старите.

_____ Што се М ВАУЧЕРИ?
Тоа се АВАНСИ, КАПАР кои му ги плаќате на овој ќелавиот за потоа кога ќе добиете самиот поврат на пари на вашата сметка, износот кој го добивате се одзема од претходно уплатениот капар, со што вие буквално трчате како улав низ градот да се обидете да си ги вратите вложените пари во вид на М ВАУЧЕР. На пример ако земете, купите 50 м ваучери, вие треба да направите промет од 5000 евра за да добиете 1% поврат во износ од 50е за да си ги вратите вложените пари. Практично, смислиле генијален начин како да ви го наплатат она што наводно ви го нудат бесплатно, а тоа е повратот на пари, при тоа терајќи ве да трчате цел месец и да трошите како луди за да си ги вратите парите што сте ги вложиле, епа кај е тогаш профитот?! Е тука доаѓаме до големите ветувања, дека за 4 години од сега, значи после цели 48 месеци ќе сте добиеле некакви проценти од заработката на компанијата мајка, Лајконет?!?! И овие ветувања се навистина неверојатни, се нудат некакви фаучер приоритети како идни акции на компанијата кога ќе излегла на берза, се ветува дури и процент од кирија на некои објекти кои ќе се изграделе во Хановер догодина?!?! Но одиме по ред, има време, ова е серијал, се ќе објавиме, уживајте, ова е многу интересна приказна. Инаку кога сме кај техниките кои се користат за да ве натераат да се фатите за џебот се исти оние од ТОП ШОП, каде наводно ви се нудат ОГРОМНИ ПОПУСТИ кои треба да се луди да ги пропуштите, значи се оди на она што во маркетингот се вика ЕМОЦИОНАЛЕН ШОПИНГ, каде ви се креваат емоциите и купувате без многу да размислите а после се каете, тоа е основата на секој ТЕЛЕ МАРКЕТИНГ, а оваа шема многу наликува на тоа со тоа што маркетингот jас би го нарекол СПИЧ - МАРКЕТИНГ затоа што главните продажби и зделки се прават на така наречени семинари, каде еден продавач од Лајконет држи говор пред 10, 20 па и 100 потенцијални купувачи во некоја сала, хотел итн каде во тек на 1 час се користи психичка тортура од невидени размери, микс на навреди, осуда, цитати од библија, хумор, неверојатни ветувања за луксузен живот доживотно, лични сведочења колку е предавачот богат, слики од јахти во Монако итн итн со цел да се натераат потенцијалните клиенти да земат кредити, да дадат отказ на работа и да се скараат со фамилија, пријатели со цел поход кон СВЕТИОТ ГРАЛ - ветената месечна заработка од 1000е дневно?!?! Еве еден таков перформанс на Зоран Витанов, кој ќе признаеме е навистина добар во оваа престава, убедлив е до коска, родено дете ќе си продадете после негов говор од 1 саат:
_____ Еве таков попуст, се сеќавате на сумата погоре од 15 000, епа еве баш тој ден го нудат пакетот за 100е затоа што така одлучила компанијата тој ден, да ви помогне (памтете го овој збор, помогне, затоа што е клучен во мотото на компанијата и во пристапот на продавачите кон вас, они ви се нудат како спасители кои дошле во ваѓиот живот да ве спасат од ситуацијата во која сте, мизерни со мала плата во некоја фирма и од вас да направат милионер за 1-2 години ако доволно вложувате и добро ги слушате нивните совети):

_____ Во ред, одиме сега со нови трошоци, т.е инвестиции кои се бараат од вас, и ви се објаснува дека е тоа СЕМЕ кое треба да го посеете за да потоа има што да ОЖНЕЕТЕ, но да ве потсетам дека тоа се првите сериозни знаци дека се работи за пирамида, односно дека шемата се храни со парите од новите учесници во шемата, засега нема да ги наречеме жртви, тоа ќе го оставиме на крај како заклучок кој секој ќе си го донесе сам за себе, сепак е можно теоретски ова да е легитимен инвентивен начин сите да се збогатиме.

_____ Ова се новите начини како да ве натераат да бркнете во џебот. Овие елитни семинари кои ги има по 3-4 годишно се на светско ниво и ви се нуди за САМО 390е влезница и сместување за 2-3 дена во некој хотел, но што е со авионска повратна карта или ако одите со кола бензин и патарини или карта за автобус, храна за тие денови, значи веќе збориме за сериозни суми на пари, а објаснувањето е дека ако не бидете таму тие денови ќе пропуштите шанса да добиете обука кој ќе ви го отвори умот и ќе ве направи машина за пари?!?! Инаку овие елитни семинари се едни смешни техно - рок циркус концерти каде се возат со мотори и коли во круг, голи жени танцуваат на шипки, се урла како да се сите издрогирани и пијани и секако има мотивирачки говори каде што тезата е една те иста, вие сте криви што не сте милионери затоа што не сте се труделе доволно и немало кој да ве оправи во животот:
_____ Што е финтата со овие елитни семинари? Сигурно фирмата мајка добро заработува од нив, публиката е по 50 000 народ, сите платиле карта по 300е, тоа се 15 милиони евра од настан само од карти, ајде нека има трошоци од 5 милиона евра, пак остануваат 10 милиона евра чисти од еден настан, а такви ги има едно 4 годишно. Плус вакви настани има локално секоја Лајконет мрежа низ земјите, па во Македонија има нон стоп вакви семинари по Боровец, Охрид, Пелистер, скопски хотели каде сигурно цената е околу 50е од настан што пак е уште дополнителен приход за целата шема, значи додека ви нудат формула да се збогатите, тие се богатат од вас објаснувајќи го тоа дека мора ДА ПОСЕЕЕТЕ ЗА ДА ЖНЕЕТЕ, АМА ДАЛИ ЌЕ ДОЧЕКАТЕ ДА ЖНЕЕТЕ И ШТО ЌЕ ОЖНЕЕТЕ Е ПРАШАЊЕТО?! Исто така овие елитни семинари по атмосферата служат за да ве охрабрат уште повеќе да вложувате и да трошите пари во мрежата, кога ќе видите дека има 50 000 како вас, се повеќе и повеќе ќе верувате во она што ви го ветуваат и затоа можеби овие семинари ви се нудат како толку важни за вас, едноставно тамо ве кршат и ви ги кинат и последните бариери што можеби сте ги имале против оваа цела шема. Инаку кога сме кај тоа, дури и книгата што пред неколку недели ја објави Витанов чини неверојатни 400 денари што е навистина скапо, обично овие книги одат во земјава околу 200 денари и се мислеше дека во време на криза хуманиот Витанов ќе ја понуди книгата по ниска цена за да го рашири својот совет до народот како да се збогати но се чини главната цел е тој да се збогати од книгата преку тоа што ќе не одере со 400 денари, а веќе се пофали дека продал 1000 книги за само 1 ден, што е голема иронија, самиот он покажува дека додека ни нуди нас совети и приказна како да се збогатиме, он се богати од нас?! Што не е злодело, да не ме разберете погрешно, јас не сум комунист кој верува во бесплатно нудење на своето време и талент и кој мисли дека профитот е нешто злобно и страшно, но е вредно да се напомене и посочи како факт, битно е за целата приказна, едноставно нешто не штима во целата приказна ЈАС СУМ ТУКА ДА ВИ ПОМОГНАМ ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ?!?! И плус тој цело време се фали дека заработува по 100 000 долари месечно, па мајку му тоа се доволно пари и книгата без пари да ја дава а не од неа да заработува?! Значи нешто не штима овде во приказнава. Ок одиме со новите трошоци кои се бараат од вас, внимавајте сумите цело време одат нагоре и нагоре:

_____ Опаа, значи нема лабаво, 80 900 денари брате мили, 1500 евра!!! За да влезеш во шемата и да делиш картички со ветен сон дека еден ден ќе заработуваш 1000е дневно ама само ако доволно вложуваш во шемата?!?! И пази што добиваш за тие 1500е, добиваш 500е во е ваучери кои можеш да ги користиш за да трошиш во мрежата на продажни места, значи за да му генерираш приход на Лајконет кој добива процент од тоа, потоа добиваш 500е вредни мваучери, значи си ги купуваш идните попусти кои те следуваат ако трошиш со својата картичка, што те тера да потрошиш 50 000е за да можеш да си ги вратиш тие 500е капар, и плус 500е одат за Лајконет како некаква награда за нив што ти дале можност да влезеш во шемата и да станеш многу богат еден ден?!?! Но ако мислите дека тука застануваат дечките во обидите да ве натераат да потрошите уште пари во нивната шема, е гадно се лажете, само што станува забавно, сумите одат нагоре и нагоре и тоа експоненцијално. И зошто е тоа така, зошто се сумите толку големи? Па веројатно за да ги одерат максимално тие наивни што ќе се фатат на јадицата, се оди по формулата дека ќе се понуди проектот на 1000 луѓе од нив само 10 ќе се излажат, ама така добро ќе ги измузат што проектот пак ќе биде профитабилен за тие што го шират и промовираат а на крај ако не се оствари ветеното дека клиентите ќе се збогатат тогаш ќе ги обвинат дека не се труделе доволно, дека не вложувале доволно, дека не чекале доволно, пазете тајминзите на чекање се страшни, се бара од вас да чекате 4 години пред да добиете процент од фирмата мајка?!? Исто така се се базира на ветувања на оратори и продавачи, но нема потпишани договори, нема инвестиции преку берза, туку купуваш кутии, продукти со некакви ваучери и софтвер по баслословни цени и после не можеш да ги тужиш, со никој ништо не си потпишал, сигурно има некаде мало книжуле со ситни букви во тие кутии каде фирмите се дистанцираат од одговорност ако купувачот во иднина не ги оствари своите очекувања, дека тоа се базира само на некакви претпоставки во најдобри можни услови итн итн се со цел на суд да не може да си ги вратите парите и времето што сте го вложиле во потрагата по ветениот луксузен живот со 1000е дневница. Дури и да добиете на суд дека сте биле измамени, судот ќе ви рече ајде казнете го тој и тој што ви го нудел продуктот, затоа што ова не се нуди на некој веб сајт зад кој стои фирма правно лице, туку пакетите се продаваат од човек на човек преку т.н мрежен маркетинг, каде еден човек доаѓа кај вас дома и ви нуди пакет, како што се продаваат Кирби правосмукалките, а кои кога ги споменавме се водечка измама во САД, затоа што продавачи влегуваат дома и не излегуваат додека не купите правосмукалка која има цена од 2000 долари?!?! Значи шемата е направена така да лесно може да се заглави во неа, тешко да може да тужите некого за да си ги вратите парите, дури тоа е отежнато преку тоа што има десетина правни лица кои се измешани и испреплетени па картичката ја нуди фирма Кеш Бек, фирмата мајка се вика Мај Ворлд, мрежата со клауди, облачиња кои после ќе ги објасниме ги нуди Лајконет, пред тоа се викала Лајонес, значи крај не можеш да им најдеш. Исто така, проблемот е што кога влегуваш со толкави суми, те тераат дури да купиш блок карти за семинарите, значи унапред да вложиш свои 3-6 илјади евра со надеж дека ќе најдеш 10-20 души кои ќе сакаат да одат со тебе на тој семинар, а со купувањето на 500м ваучери самиот си обврзан да трошиш со картичката или пак да бараш 10 нови клиенти на шемата само за да си ги вратиш парите, значи заглавен си со месеци да работиш само парите да си ги вратиш, зборот ми е дека еднаш кога ќе заглавиш тешко одглавување без притоа да кренеш раце и да загубиш неколку илјади евра кои веројатно си ги зел на кредит а што ако си го послушал Витанов и си дал отказ и на работ со цел да се посветиш на ова и да одиш по семинари на балканот и по Европа да трошиш страшни пари со цел еден ден да земаш 1000е дневно?! А за тоа колку е тоа пак веројатно, ќе зборуваме понатаму. Ок одиме сега со новите начини на кои ве тераат да внесете уште поголеми суми во шемата, за ваше добро секако, они само ви помагаат како да се збогатите еден ден, не ја заборавајте оваа битна мисла која ја повторуваат нон стоп дечките, т.е Витанов:

_____ Опа, значи сега сумата иде на 3000 евра?!?! За што добивате 1500е во е ваучери, што значи ок, парите пак ги имате на располагање за да ги трошоте, но останатите 1500е ви се во м ваучери, што значи ќе треба да потрошите вие и ваши блиски на кои сте им дале картички фантастични 150 000 евра за да добиете попуст од 1500е за да си ги вратите тие вложени пари?!?! Па како побогу ќе го направите тоа?!?! И колку време ќе ви треба за тоа?!?! А пазете, тој што ви го продал ова облаче ќе си добие 1500 бонус кариерни поени за да добие повисока плата од Лајконет, значи тој што ќе ви го шитне ова и ќе ве закрпи добро ќе се опари! И притоа Витанов дури советува да го следите неговиот пример и да влезете со 10 слота од по 3000е, значи да влезете со фантастични 30 000 евра?!?!?! Еееј, пола стан во центар на Скопје или цел стан во Автокоманда или било кој град во земјава да му го дадете на него, зошто?! Епа се работи за нешто што они го крстиле облачиња, и тоа е многу интересен концепт. За тоа да ви го објасниме, ќе ни треба оваа слика подолу:

_____ Инаку концептот облачиња се многу интересен концепт, но се се базира на истата приказна, само се тоа нови начини како од вас да се извлечат повеќе и повеќе пари. Имено концептот е дека ако сакате брзо да напредувате на сакалата на бонуси и плати кои ги дели Лајконет, подобро е што повеќе да вложувате пари и да земате слотови во облачиња кои засега ги има 6 а ќе оделе до 14, еве ги тие облачиња, не прво еве ја скалата на бонуси кои ви ги ветуваат и со која скала ве тераат да бутате пари и да трчате и да терате други да бутаат пари во мрежата:

_____ Забележувате дека се оди со такви ветувања од кои боли глава, на пример во кариера 8 нивото за кое Витанов тврди дека сега го има, се вели дека заработува месечно до 100 000 евра што значи годишно Витанов млади 1,2 милиона евра плата од Лајконет?!?!?! Што е неверојатно тврдење!!! Толкава плата нема директорот на Дојче Банка од Франкфурт а не нашиот Витанов од село Бориево Струмица, до вчера десна рука на Ѕинго од Кратово! Да имаше Витанов 1 милион евrа годишна заработка, тоа ќе се видеше, досега човекот ќе имаше хациенда на водно и ќе возеше Ферари, а тој живее во Карпош 4, и вози Пасат. Но ок, може човекот штеди?!?! Или вложува во облачиња?! Па да, тоа и го тврди, вели дека голем дел од заработката ја враќа во фирмата за да има идна поголема заработка, што самото по себе е анти реклама, зошто нудат такви суми ако условот за да имаш тие суми треба пола од парите да ги вратиш назад во фирмата како инвестиција?!?!

_____ Но во ред, одиме сега со облачињата, eве ги: Забележуваре дека има 8 облачиња и плус еден што е X облак. Што е овде финтата? Епа ова е многу интересен начин како ве натераат да внесете пари во системот, ви ветуваат заработка преку вложување на пари наместо да правите самите мрежа од свои купувачи и маркетери т.е луѓе кои ќе делат картички откако вие сте ги внеле во системот, туку да си одмарате дома и да вложувате макс три слота од по 1000е значи по максимум 3000е на секои 6 месеци во облачињата кои ќе одат до облак 14 и плус уште 3000е да влезете во облакот X но тука можете да купите и до 10 слотови што значи можете да инвестирате максимум 30 000е. Што ви се нуди за возврат? Делба на заработката на мајката фирма Лајконет која ќе ве награди што сте вложувале цело време во облачињата, што на мајката фирма и служат за цедење што повеќе пари од целиот систем, затоа што за вложените пари вие добивате м ваучери кои за да си ги повратите ќе треба да направите промет од 150 000е за 6 месеци, што значи ќе треба да се отепате од трошење или пак од делење картички за други да трошат а вие да добивате од тоа процент за да си ги вратите тие илјадници евра. Ако пак влезете со 30 000евра, од кои 15 000е ви се м ваучери , ќе треба да направите промет од 1,5 милиони евра за да си ги вратите парите?!?!?! Секако, они ве смируваат дека тоа нема да биде тешко затоа што најверојатно ќе најдете околу 100-200 луѓе кои ќе ја користат картичката што вие сте им ја дале да ја користат, но самиот Витанов често во своите видео предавања признава дека речиси повеќе од половината иматели на картички не ги користат, што значи ќе треба да ја поделите на 200 за 100 да ја користат, а тоа не е така лесно како што се чини, самиот Витанов признава дека за 8 години колку што го работи ова успеал да подели само 77 картички?!?! За 8 години?!?! Инаку бидејќи се работи за многи пари, навистина се трудат да ве убедат дека не е толку блесаво да им ги дадете тие пари па после да трчате за да си повратите трошејќи и правејќи мрежа на корисници, ве убедуваат дека ќе добиете некакви идни акции на фирмата кои сега ги викаат ваучери приоритетни, потоа ве убедуваат дека ќе добиете процент од кирија на некаква зграда што ќе ја граделе во 2021-ва во Хановер?!?!

_____ Еве ја зградата во Хановер што ќе ја граделе догодина: Исто така ви ветуваат дека ќе добиете и процент од профитите, односно точно 25% од профитите на сите над 100 фирми на мајката фирма Мај Ворлд, но ако отидете на нивните веб сајтови ќе видите дека тие фирми се само фирми на хартија, иако Витанов ветува а нахверојатно лаже дека се тоа многу успешни фирми, на пример во едно видео предавање вели дека фирмата Мај Ворлд Медиа Груп ги правела маркетинг кампањите за Ред Бул, Бентли, Формула 1 и останати, на што ние со утепавме сурфајќи на интернет и за тоа не добивме никаков доказ, дури и на самиот веб сајт на фирмата Мај Ворлд Медиа Груп нема такво тврдење, а сигурно би се пофалиле ако веќе имаат такви клиенти какви што се Ред Бул и Бентли, сигурни сме дека тоа Витанов го има извадено од ракав, како тактика да ги убеди потенцијалните клиенти на шемата.

_____ Еве ги тие фирми од чии профити треба да се даде 25% на имателите на слотови во облачињата, но тие фирми се само убави имиња и убави логоа без вистински бизнис со реален профит, на пример, една од нив, етајм ветува дека ќе биде следниот фејсбук, но речиси и да нема членови таа мрежа. Потоа венб сајтот Мај Ворлд Ком се нуди како е продавница но тамо се нуди само картицата Кеш Бек и не може да се купи ништо друго, со еден збор сите овие фирми се само куп имиња без ниту едно евро промет а камо ли пак профит од кој вие треба да се опарите со мал процент. Притоа не се кажува колку слотови ќе се дадат во облачињата, па дури и ови фирми да се супер успешни и да генерираат милиони профит, ако они продадат 1 милион слотови пак ќе се падне по 1 доларче на сите. Ова веќе фрла уште еден сомнеж дека целата шема е пирамидална измама, но можно е и да грешиме.

_____ Еве ги уште еднаш фирмите кои ги нудат на куп, и они одат на финтата дека никој нема да се посомнева и нема да ги провери овие фирми, но кога ќе одите да проверите, еве на пример Мај Ворлд ТВ ќе видите дека тоа не е никаква телевизија со реклами и профит, туку обичен збир на промотивни видеа за Кеш Бек.

_____ Мај Ворлд ТВ: Она што се користи како моќно орудие за лов на потенцијални клиенти на шемата е што се повторува по сто пати дека имаат договори со клубови како Рома, Интер и со Формула 1 и Мото ГП, дека тие имаат по 100 000 фанови кои сите имаат партички и профитот што се прави од тие купувања ќе заврши и во вашиот џеб.

_____ Тоа е веројатно можно, не можеме да бидеме сигурни. Исто така се ветува дека во иднина ќе има 1 милијарда корисници на картички и 150 000 маркетери, т.е луѓе кои ќе делат картички. И ова е веројатно можно. Она што е сигурно е дека за тоа ќе треба да се чека најмалку 48 месеци, тоа го пишува со големи букви на самите кутии кои се купуваат м ваучерите и разните други алатки за да влезете во оваа шема. А кој може да чека 4 години за да заработи а притоа да инвестира огромни суми на пари и време??! И што ако не се реализира ветеното? Веројатно винови ќе бидете пак вие, не сте се труделе доволно, не сте вложувале доволно, не ве бива, итн, што е многу опасно ако се знае дека веројатно сте дале отказ и сте зеле кредит, како ќе го вратите како ќе раните фамилија, а токму тоа редовно го советува Витанов, дури и ви се смее дека сте биле глупи што досега не сте дале отказ на работа и што не се вклучувате на мрежата, тие ги нарекува со погрдни зборови, кукавици, смотани, глупи итн итн... Кој ги дава парите во приказнава, од каде се парите, од што се храни овој бизнис? Витанов тврди дека парите доаѓаат од правните лица кои нешто продаваат, па му плаќаат на Лајконет одредена сума за секоја продажба на имател на Кеш Бек картичка. Од тој процент, дел оди и за имателот на картичката, дел за тој што ја поделил картичката, а дел и за тој кој му ја дал картичката на тој што ја дал картичката .... Сумите кои се ветуваат се огромни, но дел од парите кои влегуваат во системот се и пари од самите членови на шемата, сите тие слотови, сите тие алатки, месечни чланарини, сето тоа чини илјадници евра. Останува нејасно, колку од парите се реално од продавачите и маркетите а колку од учесниците на шемата и што е најважно, дали ветувањата се реално остварливи? Дали е можно и Витанов и останатите да се фалат со големи заработки а притоа да лажат за тоа?

_____ Интересно е што во едно свое предавање Витанов тврди дека кога бил на позиција Кариера 6 потоа паднал на Кариера 4 но на блиските и јавноста лажел дека е на Кариера 6 оти му било срам да признае дека е пак на Кариера 4. Дали е тоа и сега случај? Дали тој не заработува 100 000 долари месечно туку да речеме 10 000 долари а сите нас не лаже дека многу лесно можеме да станеме милионери за да се охрабриме и ризикуваме премногу пари и премногу време... Битно е да се повтори дека не се потпишува договор за вработување, нема инвестиција на берза па фирмата да мора да дозволи влез во финансиите па да се дели дивиденда преку собрание на ацкионери, нема штедење во банка па да се знае колку ќе добиете камата, се е ВЕРУВАЈ МИ ШТО ЌЕ ТЕ ЧИНИ ДА ПОВЕРУВАШ, нема потоа на кого да се жалите, кого да тужите. Она што фрла сомнеж дека се работи за пирамида е што се бара голема стартна инвестиција од голема бројка на луѓе за да делат картици а притоа се бара и од нив да трошат, се бара да се влезе во облаци и да се чека евентуална промоција за да фирмата ве награди, дали е тоа знак дека шемата не е профитабилна од процентот што се враќа при купување или профитот се генерира од лов на нови и нови учесници во шемата, што значи дека еден ден тоа ќе застане и тогаш ќе настрадаат последните кои се фатиле на орото. Ќе беше многу почиста приказната ако фирмата ги наградуваше оние кои поделиле најмногу картички а притоа да не бараше вложувања од илјадници евра за да влезете во шемата, тогаш приказната за пирамида ќе беа одамна паднати во вода, едноставно кој поделил најмногу картички да добие процент од Мај Ворлд а притоа картичките да се даваат бесплатно и да нема влезни пакети, месечни чланарини, облаци и разни врагови. Исто така ќе беше олеснувачки и ако ветувањата за заработка бидат во рамките на реалните суми на пазарот на труд, на пример да се ветува плата месечна од 500 до 1000е а не овие будалаштини од 1000е дневница што делува ПРЕ ДОБРО ЗА ДА БИДЕ ВИСТИНА! Исто така голем сомнеж генерираат и оние т.н елитни семинари каде сите се како издрогирани скокаат како мајмуни на сцена и предавачите кои се многу сомнителни лица кои се или без високо образование како Тони Робинс кој не само што нема никакво образование туку и немал свој бизнис, цел живот живее од држење говори и продажба на книги, или пак самиот Шварценегер кој цел живот е или актер и во филмови крши коли или пак е политичар, значи абер нема од бизнис. Исто така спорно е што Витанов цело време го продава својот пример како успех на сите потенцијални учесници во шемата. Но тој бил 10 години политичар, бил пратеник, бил заменик министер за финансии, јавна фаца со голем круг на познаници, тоа е лесно да го користиш како орудие за да убедиш поединци, познаници, те гледаат со респект, што правиме со луѓе кои се никој и ништо, без општествен статус, без образование, како они ќе убедат 10, 20, 50 души да влезат во системот, особено кога системот е така направен што во него веќе два месеца не може да се снајде ило едвај се снаоѓа еден дипломиран инженер со диплома од ЕТФ и положени 43 испити по стара програма меѓу кои 5 математики, 4 физики, 5 испити по автоматика, 5 испити по роботика, 10 испити по компјутерски хардвер и 10 испити по компјутерски софтвер итн.... Нас ни се чини многу опасно дури и злобно да се советува на обичните наши граѓани да дадат отказ, да земат кредит и да се впуштат во бркањето на еден сон кој не знаеме и дали е воопшто реален и остварлив. Луѓето имаат семејства, не е фер и не е хумано да се туркаат така лесно во амбис и провалија со изговор дека им се помага да се ослободат од сиромаштијата. Но можно е и да грешиме, можно е системот да е баш како што треба за што ќе ни помогнете вие, апелираме да ни пишете ако сте биле измамени од оваа шема. Точно е дека секој приватен бизнис е ризик, секој приватен бизнис е баш тоа, отказ од работа, влог на свои пари најчесто кредит, и не знаеш дали парите ќе ти се вратат. Наш совет е да се биде внимателен, да се мери 100 пати пред да се пресече и донесе одлука, и ако веќе се оди на ризик и свој бизнис, правете го она што го знаете најдобро и што го сакате како професија и што е барано на пазарот. СЕРИЈАЛОТ ПРОДОЛЖУВА СО НОВИ АНАЛИЗИ НА ОВАА МНОГУ КОМПЛИЦИРАНА ШЕМА, ВО СЛЕДНИТЕ АНАЛИЗИ ЌЕ СЕ ОСВРНЕМЕ НА МАЈ ВОРЛД КРИПТО ВАЛУТА И ИНФИНИТИ ОБЛАКОТ?!?! ИСТО ТАКА ЌЕ СЕ ОСВРНЕМЕ НА МЕДИСКОТО ПРИСУСТВО НА ВИТАНОВ И НА ВИСТИНСКИТЕ ПРИЧИНИ ЗА ОБЈАВУВАЊЕТО НА КНИГАТА КАКО ДА ВОСКРЕСНЕШ ЖИВ. Контакти каде може да пријавите анонимно измами од Лајконет и Мај Ворлд, или пак да се поофалите дека добро сте заработиле од оваа шема:
sase_ivanovski@yahoo.com maktelmk@gmail.com 071 241 008 Саше Ивановски - Политико, основач, уредник и парцијален сопственик на Мактел.мк